Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, немаше никакви проблеми со екипата на Радовиш и славеше триумф со конечни 47-27 во натпреварот од деветтото суперлигашко коло. На паузата битолчани веќе имаа двоцифрена предност (22-11), а во продолжение само рутински ја доработија задачата и впишаа нов убедлив триумф на своето конто. На пелистерци не им пречеше отсуството на скоро сите првотимци (не играа Хеидаридад, Пешевски, Хосни, ...

Гостивар – МЗТ Скопје 57:77 е исходот од вечерашниот дуел со кој се заокружи 4.коло во нашата кошаркарска елита. Очекувано, убедливо, рутински и речиси без мака и никакви проблеми до победа на гости кај Гостивар. Ова е третиот триумф на шампионот ако се знае дека единствениот пораз го имаат од мечот со Ангели и тоа службено. Гостиварци имаа сила само за првата четвртина да му пружат каков – таков отпор на големиот фаворит. Резултатски беа тука ...