Деца облечени во народна носија, со песна и оро. Со ваква прослава беше отворена градинката „Фатосат“ во Харачинo. Црвената лента ја пресече лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Во својот говор, тој политички поентираше, нагласувајќи дека не се дестабилизатори оние што отвораат градинки. -Без разлика на злонамерните коментари што нè прикажуваат како опасни и дестабилизирачки, не се дестабилизатори и предизвикувачи на немири оние што отвораат градинки, ...
По многу одложувања, свечено беше отворена градинката за 115-те деца на општина Арачиново. Според жителите, во Арачиново имало голема потреба од градинка. „Едната внука е во градинка, а другата е во прво одделение. Со нетрпение го очекувавме отворањето на градинката и нтребаше време да се отвори, но сега дојде денот. Арачиново има потреба од ваков објект“, рече еден Жител на Арачиново. „Ова градинка требаше да биде пред 20 години, но сега се ...