Од скопскиот аеродром, со чартер авион, нашата А-репрезентација заедно со стручниот штаб за помалку од час ќе заминат за Лихтенштајн. Летот е Скопје – Цирих, за да потоа следува нешто помалку од два часа патување со автобус до Вадуц каде што ќе биде сместена во еден од хотелите во овој град. Македонија во сабота во Вадуц на гости кај Лихтенштајн ќе го одигра својот прв меч од кваликациската група „Ј“ за пласман на Светското првенство 2026. ...
Со чартер лет до Цирих и веднаш потоа автобуски превоз до Вадуц, македонската фудбалска репрезентација ја започна мисијата со која ги започна квалификациите за Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Гостувањето во Лихтенштајн е половина од обврските на крајот од овој месец и убава можност за почеток на квалификациската група со победа. Селекцијата на Милевски за Вадуц отпатува без повредените Ашковски, Ристовски ...