Од утре, специјализиран медицински тим од неколку државни клиники ќе започне со прегледи и евалуација на пациентите повредени во трагичниот пожар од 16 март, кои се вратени од лекување во странство. Прегледите ќе се вршат во Општата болница – Кочани, а целта е утврдување на моменталната здравствена состојба и потребата од понатамошна нега, рехабилитација и медицински помагала. Како што информираше заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, ...

Наредните денови, докторски тимови составени од специјалисти од повеќе области ќе проценуваат состојбата на сите повредени од големиот пожар во Кочани. Со тоа ќе се утврди понатамошниот тек на нивното лекување и рехабилитација. Во меѓувреме, тим од Велика Британија одржа обуки за 45 здравствени работници, вклучувајќи 10 лекари од кочанската болница. Според нивните препораки закрепнувањето треба да се одвива во Кочани. Здравствените власти тврдат ...