Скопје, 26 мај 2025 (МИА) - Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот „Онкологија“ Ана Гоговска – Јакимовска денеска остварија средба со Ана Марјановиќ и Ангелика Колева, претставнички на неформалната организација која ги застапува онколошките пациенти, со цел да ги информираат за деталите од поднесените обвиненија против лекари од Клиниката за радиотерапија и ...

Околу 70 пациенти заболени од рак немаат примено соодветна биолошка терапија. Ова денеска го потврди Ана Марјановиќ, пациентка која по средбата со надлежните обвинители од предметот Онкологија, рече дека станува збор за резултати од извршени испитувања на сите пациенти кои примале биолошка терапија или требало да примаат биолошка терапија во текот од 2018 година до 2023 година. Според Марјановиќ, дел од овие пациенти веќе починале. Истото го ...