ЕКИПА во Сан Марино Горан Бошев Предноста на Вардар од 3-0 по првиот меч со Ла Фиорита, им ги отвори „портите“ на „црвено-црните“ за пласман во 2. коло во Лигата на Конференции. Сега следува реваншот, на кој треба само да се доврши започнатото, и да се оди на мегдан со Лозана од Швајцарија. Не се очекуваат некои поголеми проблеми во составот на Вардар и на реваншот, со тоа што најверојтно овојпат Мато ќе добие шанса во стартните 11, за разлика ...
Вардар пристигна на главниот стадион во Сан Марино каде пред мечот со Ла Фиорита пред медиумите прв се обрати Даниел Донгмо. Крилото истакна дека и на овој дуел вардарци целат да триумфираат. „Победивме со 3-0 на првиот натпревар и тоа е добар капитал пред утрешниот меч. Дојдовме тука да победиме. Ги респектираме, но секако ќе одиме на победа. Атмосферата во тимот е одлична, зборуваме цело време како ќе победиме и се надевам дека ќе го оствариме ...
Џакомо Закарија од тимот на Ла Фиорита го најави реваншот против Вардар во Сан Марино. Играчот од средниот ред го анализираше првиот дуел во Скопје и кажа дека на реваншот тимот е свесен дека пак е аутсајдер на хартија, но ќе се потруди да го поправи впечатокот. „Во првиот дел во Скопје ги одбивме нападите на Вардар, бевме добри и компактни. За жал, во вториот дел примивме брз гол и тоа малку не уплаши, но не изгледаше лошо затоа што потоа ...