Во пресрет на првата репрезентативна пауза оваа година, денеска ќе се комплетира 24. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). По дербито меѓу Вардар и Шкендија, кое што заврши без победник (1-1) во денешната програма ќе се одиграат преостанатите пет натпревари и тоа во пет различни градови. Шампионот Струга Трм Лум ќе гостува кај „фенерџијата“ Беса. Ако се оди по редоследот на табелата, стружани би требало да извојуваат лесна победа, но ...

Горазд Михајлов ја препороди Беса 1976, која славеше во дуелот против шампионот Струга Трим Лум со 3-2 и најави голема битка за опстанок во колата кои следат во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Домаќинот во Гостивар одигра одличен тактички меч, а до победата дојде иако имаше негатива во првото полувреме. Со триумфот, Беса ѝ го предаде последното место на Воска Спорт, а им се приближи на Вардар, Тиквеш и Брера Струмица на еден бод. ...

Денеска на програмата беа пет натпревари од 24.коло во ПМФЛ. Вчера во дербито на ФФМ, Вардар и Шкендија одиграа 1:1. Во Кавадарци домашниот состав на стратегот Ѓорѓи Мојсов со 2:1 успеа да го победи скапиот тим на Гостивар. Садик и Вареловски стрелаа за домашните, а Ивановски го ублажи поразот за гостите. Каков кикс на Работнички. Тимот од Градски парк водеше со 0:1 кај Воска се до 90+4.минута, победата веќе се славеше, кога Клинтон Осеи ...