Иран остро го критикуваше генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за пофалбата што ја даде на американскиот претседател Доналд Трамп за нападот врз иранските нуклеарни објекти. „Срамно е, презрено и неодговорно (генералниот секретар на НАТО) да честита „вистински вонреден“ криминален чин на агресија против суверена држава“, напиша портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Бакаеи, на X. „Оној кој ја поддржува ...

Иран во моментов нема планови за средба со САД, изјави синоќа шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, во интервју за иранската државна телевизија. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Вашингтон планира да разговара со Иран за неговата нуклеарна програма веќе следната недела. Шефот на иранската дипломатија изјави дека Техеран размислува дали разговорите со САД се во негов интерес, откако пет рунди разговори беа прекинати ...