Кошаркарите на Денвер дојдоа и до шесттата победа по ред, откако славеа на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс со 116-130. И повторно најзаслужен за победата беше Никола Јокиќ кој уфрли неверојатни 55 поени, на кои додаде и 12 скока и шест асистенции. Србинот до ваков ефект дојде за само 33 минути игра, а во последната четвртина играше само две минути. Јокиќ во првата четвртина постигна 25 поени, што е рекорд оваа сезона во НБА лигата. ...
Никола Јокиќ само сакаше да им покаже на сите дека никој, апсолутно никој, не може да го отпише од трката за MVP. Иако Лука Дончиќ и Виктор Вембањама беа поголеми фаворити кај обложувалниците во овој момент, одеднаш Јокиќ направи нешто што никој досега не го направил. Во победата на Нагетс над Клиперс, тој постигна 55 поени, 12 скока и шест асистенции. Погоди 18 од 23 шутеви од поле, пет од шест тројки и 14 од 16 слободни фрлања. Тој веќе ...

