Научниците истражувачи од лабораторијата „Амбикон“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип за седум дена треба да ги имаат првичните резултати од мерните станици за квалитетот на воздух, кои вчера ги поставија во скопско Трубарево, каде што завчера во пожар изгоре депонија за електронски отпад. Ректорот на УГД и раководител на лабораторијата „Амбикон“, Дејан Мираковски вели дека се поставени два уреда, коишто континуирано, 24 часа, наредните пет ...
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 17.09.2025 (09:30 часот) до 18.09.2025 (09:30 часот) беа спроведени индикативни мерења на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀) на мерното место во зоната на Трубарево. Мерењата се извршени со автоматскиот систем AMBICON RTM–PM, нефлометар за следење во реално време на концентрациите на честички во воздухот, со селекција на фракцијата ...