За година и половина, од парламентарните до локалните избори, во Прилеп се припоени дури 16 избирачки места кои имаат под 10 гласачи. Станува збор за населени места речиси без жители. Ова, според општинската изборна комисија, ја става општината во водечките во државава. Прилеп е со најголема територија и 60-тина села, вели Валентин Божиноски, претседател на ОИК-Прилеп. Екипата на Македонската телевизија го посети селото Лениште, речиси до ...

Во 7 часот утрово почна гласањето на осмите локални избори од осамостојувањето на Македонија. Од Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека избирачките места се отворени. Се гласа на 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.832.415 граѓани. На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети, со вкупно 10.490 кандидати. Вчера, ден пред ...