Се подготвувате да основате семејство, или пак веќе го имате, но навистина сте загрижени како децата растат во екстремно загаден воздух, урбан хаос, отуѓени зјаат во електронските уреди а вие како родители и после долгиот работен ден не можете да најдете мир во „четири ѕида“ во некоја зграда од скопскиот бетон? Можеби ви се чини дека не постои начин да го создадете своето семејно гнездо во метрополата, а тоа да биде здрава околина во која ...

Сонот да се врати безгрижноста на секојдневието во домот и неговото опкружување, каде што оние мали радости како мезенце и скара со соседите, додека дечињата играат и другаруваат во комплетно безбедна зона, пред вашите очи, вдишувате чист воздух, а на лето да можете да се опуштите со добар коктел и сладолед покрај базен, We and Nature, го претворија во реалност. Се прашувате зошто сето ова го именувавме „Ние и природата“ и инсистираме на ...