Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца со повеќе свечености ќе го одбележат 11. Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ. Програмата започнува денес со свечена седница која ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 12 часот. На седницата предвидено е обраќање на претставници од Општина Охрид и Сојузот на борците, по што ќе следува културно-уметничка програма. Утре во ...

Почитувани граѓани, нека ни е честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ! Македонија секогаш била на вистинската страна, потврдувајќи го тоа и на тој ден, кога стапила во антифашистичка коалиција, и во народноослободителна војна против тогашното идеолошко зло на далеку побројниот и повооружан окупатор. Нашите предци од кумановските партизански одреди, Козјачкиот и Карадачкиот, како и од Прилепскиот партизански одред, ...

Денеска е 11 Октомври, 83 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен историски настан, кој е синоним за отпорот на македонскиот народ кој го симболизира официјалниот почеток на Народноослободителната антифашистичката војна (НОАВМ) во Вардарска Македонија. Тоа е важен темел во борбата за самобитност и самостојност. Продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ ...