Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го исфрли РК Аеродром од Супер лигата, бидејќи не се пререгистрирал во акционерско друштво, што е законска обврска за сите клубови што се натпреваруваат во највисок ранг на натпреварување. Тимот на Аеродром нема право да ги продолжи настапите сезонава што значи дека наредните натпревари во плеј-аутот ќе бидат регистрирани со 10:0 (-1 бод) за противничката екипа. Натпреварувањето наместо со осум ќе ...
Главната причина е бирократска, па во билтенот на РФМ потврдија дека клубот не ја извршил обврската за трансформација на спортскиот субјект од „здружение на граѓани“ во „акционерско друштво“, па според законот за спорт нема право за настап. Освен тоа, челниците на федерацијата потврдија дека сите преостанати натпревари во плеј-аут фазата ќе се регистрираат со службени 10-0 и бод минус на контото на аеродромци. „Согласно доставената информација и ...