Низ целата држава, до вечерва во 20 часот, регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор. Четири од нив и натаму се активни и предизвикуваат најголема грижа, два се ставени под контрола, а пожарникарите успеаја да изгаснат 18 огнени жаришта. Препорачано Најголемиот проблем во моментов е во Липково и Гази Баба, каде што пламенот ја зафати нискостеблестата деградирана и дабова шума кај селото Никуштак и кај Булачани. Огромни облаци чад се ...
До 18:00 часот ставен е под контрола пожарот кај депонијата Дрисла, општина Студеничани, а изгаснати се 10 пожари на територија на цела држава, иформира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се пожарите во Струга, кај селата Татеши, Богојца и Маслодежда (борова шума) и во Елен Камен (ниска вегетација), во село Никуштак, општина Липково, во скопското село Булачани, општина Гази Баба, во село Страхојадица, општина Зелениково. ЦУК ...
Сè уште е активен пожарот на депонијата Дрисла, кој избувна вчера попладне. Во централниот дел гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад што се чувствува и во пошироката околина, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Препорачано Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, соопшти дека скопските пожарникари цела ноќ се обидувале да го изгаснат пожарот, но гаснењето со вода не дало ...
Активен е пожарот во липковското село Никуштак, информираа денеска од ЦУК. Пожарот, вчера се прошири и кон скопскиот регион, зафатена е деградирана, нискостеблеста, но и дабова шума. И утрово на терен се екипи од „Национални шуми“. - И во кумановскиот и во скопскиот дел од пожарот интервенираат екипи на „Македонски шуми“, екипи на ТППЕ од Скопје и доброволци организирани од општина Гази Баба. На терен сè со специјализирани возила. И денеска ...