Шпанскиот шампион Барселона денеска официјално ја потврди разделбата со фудбалер кој не беше во плановите на тренерот Ханси Флик. Се работи за искусниот Ориол Ромеу, 33-годишниот фудбалер кој потекнува од легендарната „Ла Масија“ и за кого Каталонците немаа простор во ростерот за новата сезона. Ромеу одамна знаеше дека мора да си бара нова средина, па шпекулациите за крајот на соработката денеска се потврдени со официјално соопштение. Играчот за ...

Раководството на Барселона и дефанзивниот фудбалер од средниот ред, Ориол Ромеу, тајно го раскинале договорот на 28-ми август, односно на три дена пред истекот на преодниот рок. Тоа значи дека Каталонецот сега е слободен фудбалер и може да си бара нова средина, а од Барселона информацијата ја потврдија дури вечерва, откако медиумите веќе објавија. Ромеу пристигна во Барселона летото 2023 година на барање на тогашниот тренер, Чаби Ернандес, а ...