Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Веќе седми ден од потрагата по исчезнатото лице од Белгија, 72 годишниот Марк Јорис, кој планирал да планинари во реонот Охрид-Струга-Дебар. – Лицето последен пат е забележано во атарот на село Лакајца, струшко, на 18-ти септември како се движи по позната патека High Scardus Trail и очекувано е да помине низ Вевчани, Охрид и НП Галичица сѐ до манастирот Св.Наум, каде што завршува последната етапа од ...
На барање на МВР, активирано е рано предупредување за исчезнати лица, Amber Alert, со што се активирани и алатките за информирање на јавноста. На банкоматите за прв пат кај нас е објавена фотографијата на Марк Јорис, 72-годишен исчезнат Белгиец. „МВР апелира до граѓаните доколку имаат информации за белгискиот државјанин Марк Јорис (72) кој на 18.09.2024 година беше прогласен за исчезнат од Интерпол на Брисел и Амбасадата на Белгија, да се јават ...