Манчестер Јунајтед ќе биде на далеку повисока позиција на табелата ако секој натпревар го игра како овој денеска, но дури и во таква ситуација, избраниците на Рубен Аморим не успеаја да остварат победа. Дербито на „Олд Трафорд“ мина во знакот на „црвените ѓаволи“, кои навистина можат да жалат што не освоија три бода во пресметката со Арсенал, на која посебно брилјираше Давид Раја. Шпанскиот чувар на мрежата имаше три брилијантни интервенции во ...
Рубен Аморим ниту во второто соочување не успеа да го надмудри Микел Артета, откако неговиот Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ одигра само 1-1 против големиот ривал од Лондон, Арсенал. Бруно Фернандез и Даклан Рајс беа стрелци на головите, а своја вечер имаа голманите Онана и Раја кои беа главни „виновници“ што не паднаа уште неколку гола во Манчестер. Клупата на Манчестер Јунајтед повторно беше полна со тинејџери, а дополнителен проблем за ...