Родителите на четворицата пациенти од трагедијата во Кочани, што денеска беа отпуштени, се заблагодарија на болницата „Пирогов“ и на бугарската држава за поддршката и помошта. „Нашите деца денеска излегуваат од болница и тука сме да им се заблагодариме на директорот Николов, проф. Аргирова и на сите лекари и вработени кои со своите човечки и професионални вештини ги лекуваат нашите деца“, рече Хуанита Соколова. „Од се срце ви благодариме за се“, ...
Пациентите со изгореници добиени во пожарот во дискотеката Пулс ќе закрепнуваат од пет до седум години поради потребните реконструктивни операции, изјави докторката Маја Аргирова од бугарската болница Пирогов, додавајќи дека состојбата на четворицата настрадани кои продолжуваат со лекувањето во оваа болница е тешка но стабилна. Во меѓувреме, Министерството за здравство соопшти дека денеска во Македонија се враќаат четворица повредени кои се ...