Само неколку дена откако Колбер ги критикуваше неговите корпоративни сопственици за склучување правен договор со Трамп, шоуто беше укинато. „Апсолутно ми се допаѓа што Колбер беше отпуштен“, напиша денеска Трамп на својата платформа Трут Соушл. „Неговиот талент беше дури и помал од неговиот рејтинг“, рече тој за Колбер, кој е познат по неговиот остар хумор и секојдневните критики кон претседателот. Американската телевизија Си-Би-Ес вчера соопшти ...

По една деценија, култното „Лејт шоу со Стивен Колбер“ ќе престане да се емитува во мај 2026 година, соопшти телевизиската мрежа Си-Би-Ес, јави агенцијата Асошиејтед прес. Одлуката за откажување на шоуто на Колбер, кој е еден од најпознатите критичари на претседателот Доналд Трамп, е мотивирана од финансиски причини, а не од содржината, велат од мрежата. Најавата предизвика бурни реакции, особено затоа што дојде само три дена по критиките на ...