Рајо Валјекано наметна своја игра и голема иницијатива против Шкендија од првата минута на натпреварот во Валјекас, па иако избраниците на Јетон Беќири одлично одловеаа речиси половина час, сепак отпорот беше скршен во 28-та минута. Шпанскиот тим влезе како огромен фаворит за победа и покрај тоа што му се враќа на европскиот фудбал после цели 25 години, а таквиот статус го оправда веќе во првото полувреме со доминантен фудбал и низа број шанси. ...
Македонскиот првак Шкендија има негатива од два гола (2-0) по првото полувреме од историскиот прв меч во групите од Конференциската лига против Рајо Ваљекано. Шпанскиот прволигаш беше подобар тим и иницијативата ја круниса со два погодока. ⚽️ Unai López 28' UEFA Conference League | 🇪🇺 Rayo Vallecano 1-0 Shkëndijapic.twitter.com/mGS50MR8vS — Goals Xtra (@GoalsXtra) October 2, 2025 Унаи Лопез во 28-та минута го отвори резултатот откако ...