ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение порача дека и сервисите за проверка на интернет безбедноста го препознаваат вистинскиот карактер на СДСМ. Од партијата на власт обвинуваат дека сајтот на СДСМ е преполн со вируси, исто како што „нивната политика е заразена со вирусот на омразата, корупцијата и гневот кон сопствената држава и граѓаните“. -Наместо да измислуваат лаги за работењето на Владата, пратениците на СДС треба да одговорат пред граѓаните: ...
Скопје, 16 јануари 2025 Дури и сервисите за проверка на интернет безбедноста го препознаваат вистинскиот карактер на СДС – нивниот сајт е преполн со вируси, исто како што нивната политика е заразена со вирусот на омразата, корупцијата и гневот кон сопствената држава и граѓаните. Наместо да измислуваат лаги за работењето на Владата, пратениците на СДС треба да одговорат пред граѓаните: Каде се милионите евра украдени за време на нивното владеење? ...