На стартот на денешната Премиер лига програма, тимот на Челзи успеа да слави на гостувањето кај тимот на Барнли од конечни 0:2. Гостите дојдоа во водство во 37. минута со голот на Нето, за да на нов погодок се чека се до самиот финиш на мечот. Домашните се обидуваа да воспостават резултатски баланс но наместо тоа, Челзи беше тој кој што со голот на Енцо Фернандез дојде до двојно водство и конечен триумф. Челзи дојде до 23. бода и втора позиција ...
Фудбалерите на Челзи без поголеми проблеми го совладаа жилавиот состав на Барнли со 0-2 (0-1) во натпреварот од 12. коло на Премиер лигата. Избраниците на Енцо Мареска одиграа добар натпревар, постојано се обидуваа да се заканат по голот, иако и домаќинот имаше свои моменти, во кои силно го притискаше лондонскиот тим. На паузата „сините“ заминаа со минимално водство благодарение на Педро Нето, кој стрелаше во 37. минута, а конечните 0-2 беа дело ...

