Маркет на улица „Востаничка“ во населбата Црниче ноќеска е ограбен откако биле демолирани влезните врати и излозите, пренесува „Телма“. Според информациите на телевиизијата, маркетот е ограбен откако рабојниците со автомобил влетале во влезната врата, го украле сефот на маркетот и избегале. Од МВР велат дека ноќва во 4 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, ...

Петнаесетгодишно девојче, кое имало и бебе со кое биле сместени во згрижувачко семејство, избегала. По нивното заминување девојката била пријавена за исчезната. На 31 март во 20.57 часот во СВР Скопје, Џ.А.(27) од Скопје, згрижувач на малолетничка Н.А.(15), пријавила дека, по претходна расправија, од нејзиниот дом се оддалечила малолетничката Н.А., која со себе го земала и своето бебе“, информираат од МВР Се преземаат мерки за пронаоѓање на ...