Маркет на улица „Востаничка“ во населбата Црниче ноќеска е ограбен откако биле демолирани влезните врати и излозите, пренесува „Телма“. Според информациите на телевиизијата, маркетот е ограбен откако рабојниците со автомобил влетале во влезната врата, го украле сефот на маркетот и избегале.

Од МВР велат дека ноќва во 4 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.

Од полиција додаваат дека извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.