Газа, 17 јуни 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на палестинскиот клуб Џабалија Абдула Мазен Хавила е убиен во израелски напад, објави Палестинскиот фудбалски сојуз. Детали за инцидентот не се соопштени. Фудбалерот имаше 25 години. Претходно играше за Ал Аин и Дубаи Сити од Обединетите Арапски Емирати. На 18 мај, израелската армија започна голема копнена операција „Гидеонска кола“, започнувајќи воени операции во северните и јужните области ...

Според пишувањата на Ројтерс, израелската армија рекла дека војниците испукале предупредувачки истрели кон можни милитанти кои се движеле кон нив во толпа Најмалку 44 лица се убиени во денешните израелските напади врз Појасот Газа, соопштуваат локалните власти. Најголем дел од лицата, 25 се убиени додека чекале хуманитарна помош, соопштуваат локалните здравствени власти. Според пишувањата на Ројтерс, израелската армија рекла дека војниците ...

СКОПЈЕ (АА) - Илјадници граѓани низ Иран, вклучувајќи го и главниот град Техеран, се собраа денес по петочната молитва за да протестираат против израелските напади, јавува Анадолу. Демонстрантите се собраа на главните плоштади носејќи ирански знамиња и транспаренти, додека маршираа низ улиците изразувајќи ја својата поддршка за иранската Влада. Тие скандираа антиизраелски и антиамерикански слогани. Собирите следуваат по серијата израелски напади ...