Вистинска инспирација на годинашниот Виз Ер Скопски маратон беше 72-годишниот Благоја Ацковски од Скопје, познат меѓу тркачите како Бале Брзи. Иако на возраст кога многумина одамна би се повлекле од спортските предизвици, Бале покажа дека љубовта и упорноста немаат граници. Облечен во традиционална македонска носија, тој ја истрча маратонската патека долга 42 километри со време од 3 часа, 59 минути и 24 секунди. Со секој изминат метар, Ацковски ...

Благоја Ацковски, познат како Бале Брзи, беше вистинска атракција на завчерашниот „Скопски маратон“. Тој трчаше во народна носија и ги привлече погледите и на публиката и на фотографите. Го прашавме какво беше искуството да трча цели 42 километри во носија и што го иницирало да облече традиционална македонска облека токму за маратон. – Редовно сум на трки и секако на „Скопскиот маратон“ и изминатите години имаше неколку поединци облечени во ...