Манчестер Сити има разочарувачка сезона, но управата на клубот прави се за да ги задржи клучните фигури во своите редови. Така, Пеп Гвардиола го продолжи својот престој во клубот потпишувајќи нов договор, а денеска истото го стори и најдобриот фудбалер на Сити, Ерлинг Халанд. Норвежанецот беше поврзуван со Барселона како „засилување од соништата“ за Жоан Лапорта, но Сити ја затвори вратата за тој сон на каталонците договарајќи продолжување на ...
Ерлинг Халанд веќе освои важни трофеи со Манчестер Сити, а очигледно планира да остане долг период во редовите на англискиот шампион. Актуелната резултатска криза не го променила ставот за својата иднина на Норвежанецот, а доказ за тоа е невообичаениот нов договор кој го потпишал со Сити. Халанд ставил потпис на договор кој го обврзува кон клубот до 2034 година, односно продолжување за девет и пол години, што секако не се случува често и веднаш ...