Босанско-херцеговскиот музички волшебник Дино Мерлин приреди спектакл на преполниот стадион „Парк Младежи“ во Сплит пред повеќе од 30.000 луѓе, а по концертот ги сподели своите впечатоци и, меѓу другото, проговори за својот приватен живот. „Сплит е посебен, има фактор Х. Тоа е град за кој мислам дека има најмногу таленти во спортот и музиката по квадратен метар, па затоа има голема обврска, одговорност и малку нервоза тука бидејќи не е обичен ...
Пејачот Дино Мерлин ретко зборува за својот приватен живот, но неодамна, на еден негов настап, откри детали од младоста и врската со сопругата Амела Дервишхалидовиќ, со која е во брак веќе неколку децении. Имено, Мерлин ја раскажа вистинската приказна зад песната „Први плес“, која ја напишал токму за својата сопруга. – Беше многу талентирана, за разлика од мене. Но, кога бевме млади, не сите беа за нашиот брак и моравме да побегнеме. Немавме ...