Најмалку една половина од амбасадорите што ќе ја претставуваат земјава во странство ќе треба да бидат професионални кадри. Мандатот наместо три ќе им биде 4 години, а ќе има и корекција на нивните плати заради зголемени трошоци за живот. Ова го соопшти министерот за надворешни Муцунски, презентирајќи ги законските измени за професионализација на дипломатијата. Текстот е доставен до Владата, по што треба да го помине и собранискиот филтер. МНР ...
Значителни измени на Законот за надворешни работи, со кои ќе се зголеми процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати во Министерството, најави министерот за надворешни работи Муцунски. „Предлагаме зголемување на процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати од една третина на најмалку една половина,“ истакна Муцунски. Со измените, како што објасни министерот, се враќа четиригодишниот мандат на амбасадорите ...