Екипите на Виљареал и на Атлетик Билбао ќе ја продолжат трката за места во Лигата на шампионите идната сезона, откако двата тима вечерва одиграа без голови на теренот на Виљареал. Посериозни шанси имаше Виљареал се до исклучувањето на Гуеје, кој доби црвен картон во 83. минута, а потоа Билбао се закани со неколку полушанси, но мрежите мируваа. Неверојатна шанса промаши Тиерно Бери кој практично имаше пред себе празна мрежа, но не успеа да ја ...
Фудбалерите на Виљареал и Атлетик Билбао ремизираа без голови, во последниот неделен натпревар од 30. коло на шпанската Примера (0-0). Баскијците стигнаа до повредно реми, па со 54 бода, сега имаат шест повеќе од Виљареал и ја држат четвртата позиција која води директно во Лигата на шампионите. „Жолтата подморница“ има натпревар помалку од вечерашниот противник. Домаќинот поблиску до триумф на „Естадио де ла серамика“. Добри шанси за домаќините ...