Ракометниот клуб Радовиш вчера во СРЦ „25 Мај“ со првиот собир и првиот тренинг означи старт на подготовките за новата сезона која ќе започне на 6 септември. Под водство на тренерот Александар Долдуров екипата на Радовиш ги започна подготовките, а притоа се договорени и неколку пријателски натпревари за проверка на формата пред почетокот на новата сезона во Суперлигата. Радовишани договорија пријателски натпревар со штипски Текстилец, како и со ...

Суперлигашот Радовиш вчера ги започна тренинзите од подготвителниот период пред почетокот на новата сезона во македонската ракометна Суперлига. Тренинзите се одвиваат во „25 мај“ во Радовиш, со сите играчи кои ги обновија договорите и новите имиња кои се приклучија на клубот. Нови имиња во клубот се: Мартин Димов, кој игра на позиција десно крило, левиот бек Сиљанов Филип, лев бек и лево крило Илија Табаков кои доаѓаат од Борец од Велес, ...