Извршниот директор на Open AI, Сем Алтман, изјави дека нивната главна алатка за вештачка интелигенција, ChatGPT, наскоро ќе добие многу порелаксирана верзија, со повеќе простор за персонализација и поемоционален тон на комуникација, што вклучува можност за еротски разговори со возрасни корисници. Алтман изјави на социјалната мрежа X дека ChatGPT претходно бил „прилично рестриктивен“ бидејќи компанијата сакала да спречи негативни ефекти врз ...
Како дел од политиката на компанијата да ги „третира возрасните корисници како возрасни“, ChatGPT ќе може да создава сексуална содржина откако целосно ќе биде воверен системот за верификација на возраста. „Во декември, кога целосно ќе ја воведеме проверката на возраста и во согласност со принципот ‘третирај ги возрасните корисници како возрасни’, ќе дозволиме и повеќе, како еротика за верификувани возрасни“, напиша Сем Алтман на платформата X. ...