МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“ против 10 лица. Станува збор за П.С. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место помошник началник во СВР Штип), Ј.Т. (во време на извршување на кривичното дело на работно место главен инспектор за ...
Шест полициски службеници се уапсени, по еден се трага, а тројца веќе се во притвор, откако Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против вкупно 10 лица, поради сомнение дека со своите постапки придонеле кабарето „Пулс“ во Кочани да добие дозвола за работа, иако не ги исполнувало потребните услови за безбедност. Во истиот објект на 16 март годинава изби пожар, во кој трагично загина 61 лице. Сите пријавени се лица кои ...