На фудбалските терени во Марино, општина Илинден, а во организација на Фудбалска школа Грозданоски од Скопје, стартуваше најголемиот фудбалски турнир во Македонија, но без сомнение и во регионот – „Илинден куп 2025“. Вистински празник на фудбалот кој на едно место го собира најдобрите идни фудбалски ѕвезди од Македонија, но оваа година и од уште девет земји од Европа. И оваа година турнирот е под покровителство на општина Илинден и ...

На спортските терени во Марино, Кадино и Илинден стартуваа фудбалските натпревари во рамки на меѓународниот фудбалски турнир „ИЛИНДЕН КУП 2025“, чиј домаќин и годинава е Општина Илинден. На турнирот, што беше отворен синоќа, учествуваат околу 217 екипи од осум европски држави и над 3500 деца од различни возрасни категории. Учествуваат и тимови од 14 различни македонски градови. - Градоначалникот на Општина Илинден и покровител на турнирот ...