Моментално околу 20-тина луѓе се осомничени за трагедијата која се случи во клубот „Пулс“ во Кочани меѓу кои има луѓе кои биле на позиција министер, државен секретар, директори на институции, раководители на сектори, сопственици на правни лица, обезбедување на објекти, како и правни лица кои имале овластување да потпишат одредени документи согласно нивни овластувања, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Тие се ...

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”. Меѓу уапсените се градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, како и неговите претходници Николчо Илијев од СДСМ и Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ, велат од истрагата. Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе ...

Панче Тошковски министерот за внатрешни работи соопшти детали околу апсењето на седумте полициски началници и службеници од Штип и од Кочани за издавање на лиценцата на дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Со потпишување документи одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле кабарето да добие дозвола за работа иако не исполнува услови. Осомничените предизвикале значителна опасност за делата и луѓето овозможувајчи му на кабарето да работи во ...