Парламентарната група на Левица денеска поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски за кривично дело „попречување на правдата“ поврзано со трагедијата во Кочани. Обвинението, како што изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев, се однесува на сомневања дека Мицкоски се обидува да влијае врз судските постапки и да заштити функционери блиски до ВМРО-ДПМНЕ. „Денес пратеничката група на Левица, потпишана од сите шестмина пратеници, ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска преку изјава за медиумите, и порача на скопската градоначалничка Данела Арсовска да се занимава со своите надлежности. Тој најави кривична пријава против неа за лажните тврдења во врска со објектот во Чаир пред кој се сликала и го објавила. Како што вели, овој случај е „последен обид и план на Ахмети за дестабилизација преку општините“. ...