По денешната пресуда се огласи претседателот на Република Српска, Милорад Додик. – Од денес веќе ја нема БиХ што ја замисливте“, рече меѓу другото Милорад Додик. Во својот говор, Додик ја нападна судијката Сена Узуновиќ, обвинувајќи ја дека некој нејзин близок „побарал поткуп“ за ослободителна пресуда. Тој рече дека Вучиќ и Орбан го контактирале веднаш по пресудата. „Порака до Шмит – кога ќе го видите, кажете ѝ на полицијата за да го уапсиме и ...

Во првиот одговор на пресудата против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој првостепениот суд го осуди на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност, Народното собрание на Република Српска донесе неколку заклучоци. Во првиот се наведува дека Судот на БиХ со својата одлука извршил државен удар и целосно го урнал уставниот поредок на земјата, бидејќи донел пресуда врз основа на одлуката на неизбраниот странец ...