Десет екипи кои се квалификуваа на регионалните натпревари денеска во Гостивар ќе ги покажат вештините и знаењата во пружање на прва помош на 31 државен натпревар кој се одржува во Гостивар. Отворањето на настанот беше на градскиот плоштад од каде беа испратени пораки за важноста на овој сегмент во општеството. Првиот човек на македонското здравство во обраќањето пред учесниците напомена дека првата помош не е теорија, туку вештина и го ...

Во Гостивар денеска се одржува државниот натпревар по Прва помош, на кој младите ги демонстрираат своите знаења и вештини за укажување прва помош при симулирани сценарија на повреди. Во натпреварувањето учествуваат 10 екипи од различни градови кои се покажале како најдобри на регионално ниво. Настанот го организира Црвениот крст. „Денес Гостивар е епицентарот на хуманоста, солидарноста и младоста. Со гордост можеме да кажеме дека токму овде ...