Катерина Блажевска Од 2005 година сме охрабрувани од меѓународните претставници со рефренот „уште само овој услов“, „уште само оваа отстапка“, „уште само оваа уставна измена“, рече Сиљановска од говорницата во ОН Новото име е формално-правна реалност и мојата држава Република Северна Македонија, како одговорна земја членка на Обединетите нации и на НАТО, ги исполнува меѓународните обврски, порача македонската претседателка Гордана Сиљановска ...

Новото име е формално-правна реалност и мојата држава Република Северна Македонија, како одговорна земја членка на Обединетите нации и на НАТО, ги исполнува меѓународните обврски, порача македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на ОН. Таа потсети на „Сцилите и Харибдите“ низ кои поминала и сè уште минува земјата од приемот во ОН во 1993 година: за приемот под ...