Првиот финалист на Лигата на шампионите оваа сезона е Интер, кој во спектакуларен реванш ја победи Барселона со 4:3 по продолженија и се пласираше понатаму со вкупен резултат од 7:6. Интер водеше со 2:0 со головите на Лаутаро Мартинез (21) и Хакан Чалханоглу (45-11м), но Барселона го сврти резултатот во второто полувреме со головите на Ерик Гарсија (54), Дани Олмо (60) и Рафиња (88). Токму кога се чинеше дека Барса ќе слави, Интер израмни во ...

Неверојатен спектакл се одигра вечерва во Милано, каде Интер и Барселона приредија вистински фудбалски спектакл со вкупно 13 голови на двомечот. Реваншот од полуфиналето понуди сè – емоции, пресврти и голови во последните моменти. Интер поведе со 2:0 и го шокираше каталонскиот гигант, но Барселона се врати во второто полувреме и направи целосен пресврт – 3:2. Кога многумина веќе ги гледаа Каталонците во финалето, Ачерби во 93-та минута израмни ...