Фудбалот може да креира уникатни емоции, а тоа на своја кожа го почувствува и голманот Стив Манданда. 40-годишниот чувар на мрежата на Рен вчера доби неверојатна привилегија на „Велодром“, стадионот на Олимпик Марсеј каде тој долго настапуваше како домашен играч и стана миленик на фановите. Рен синоќа гостуваше кај Марсеј во последното коло од француското првенство, а гостинскиот тренер реши да му даде шанса на Манданда во последните минути, ...
Легендарниот француски голман Стив Манданда (40) ги одигра последните минути од кариерата, на местото најблиску до неговото срце. Тој стави точка на кариерата пред преполните трибини на неговиот „Велодром“. Поголемиот дел од кариерата Манданда го помина во Олимпик Марсеј, вкупно 13 години во два мандати, а во саботата вечерта беше на другата страна, во дресот на Рен. Натпреварот го почна од клупата, а тренерот на Рен, Хабиб Беј, кој и самиот е ...