Ракометарите на Струга се изборија за триумф над Куманово (26-25) во натпреварот од седмото коло на Суперлигата, но за да ги впишат бодовите, мораа да работат напорно буквално до последната секунда. Видовме тврд и неизвесен меч, на паузата домаќинот имаше само гол позитива (16-15), а во второто понеефикасно полувреме бевме сведоци на голема борба до самиот крај. Стружани се изборија за победа со брз противнапад во последната секунда, кој го ...
Ракометарите на Струга ја запишаа и втората победа сезонава во Суперлигата на Македонија, триумфирајќи со 26-25 во драматичен натпревар против Куманово во 7. коло. Стружани имаа водство од еден до три гола во поголемиот дел од мечот, но дозволија противникот во последните пет минути да ја анулира предноста и да дојде до предност. Гостите успеаја да дојдат до пресврт и во 59. минута имаа и водство од 24-25. Но, со два гола во последните 90 ...