Битката за Покровск стана клучна епизода во војната во Украина. Градот се наоѓа на стратешки автопат што го користи украинската војска и Москва го смета за порта кон западниот дел на Донбас. Заземањето на Покровск и соседниот град Костјантинивка би им дало на руските сили база за офанзива кон главните градови во регионот, Краматорск и Славјанск, што претставува најголемо територијално освојување на Москва од падот на Авдеивка на почетокот на ...
Рускиотo Министерство за одбрана соопшти дека украински војници од 68. ловечка бригада се предале во Покровск, откако биле опколени и, како што тврди Москва, напуштени од своите команданти, пренесе „ТАСС“. Во соопштението се наведува дека припадниците доброволно се предале поради интензивен артилериски оган. Русија објави и сведоштва на заробени војници, кои велат дека биле без храна и лекови, а еден од нив изјавил дека се предал од очај. ...

