Селекторот на Македонија, Кире Лазаров со помошниците ја подготвува стратегијата за последниот меч во групната фаза на Европското првенство (ЕП), вечерва во Берлин (18 часот) против Швајцарија. Македонија претрпе убедливи порази од Франција и од Германија, и сега останува во дуелот со Швајцарија да се обиде да го поправи лошиот впечаток и да забележи победа. Но тоа нема да биде лесно бидејќи Швајцарците на мечот против Франција ремизираа и ...
„Швајцарија покажа дека е квалитетна репрезентација и одигра реми против олимпискиот шампион Франција. Тие кажаа и пред мечот против Германија дека очекуваат победа, имаат големи амбиции и очекувања од турнирот. Нас нè очекува тежок натпревар со квалитетен противник. Сепак, ако имаме некакви шанси против некого, тогаш тоа е Швајцарија. Свесни сме и им ја препуштаме фаворитската улога, но ние ќе дадеме сè од себе. Имаме многу работи за ...