Тим од Вашингтон „ќе лови“ корумпирани функционери во Македонија. Граѓаните со поделени ставови – едни се радуваат, други не веруваат дека ќе има вистинска борба против корупцијата, а трети велат дека штом друг ни ги решава проблемите, не сме ни држава. Од радост и воодушевување, сеир и очекување апсанџиско реално шоу до умереност во очекувањата и скепса за намерите се движат реакциите на јавноста по најавата на новата американска амбасадорка ...
Најавата на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, дека тимот за санкции од Вашингтон ќе води отворена борба со корумпираните функционери во Македонија не остави никого рамнодушен, а повеќето политички партии најавија поддршка. Во рамките на поддршката на антокорупциската борба ДУИ, која е дел од власта повеќе од 18 години, се изјасни за ветинг на сите корумпирани. И опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците се за американската ...