Фудбалерите на Силекс подобро го отворија мечот во Скопје против Македонија Ѓорче Петров во рамките на 14. коло на ПМФЛ. По првиот гол на Мартин Мирчевски, следуваше вистинска мајсторија на Илија Донов. Играчот за врска дочека одбиена топка на волеј и ефектно ја испрати во мрежата зад грбот на Ристе Јанков за 0-2 во 26. минута. За Донов ова беше трет сезонски погодок во ПМФЛ, а има и една асистенција. До полувремето „лавовите“ успеаја да ја ...
Фудбалерите на Силекс се радуваа на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со 1-2 (1-2) во натпреварот од 14. коло на Првата македонска фудбалска лига. Кратовчани одлично влегоа во мечот и стекнаа двојна предност која ја одбранија во продолжението, оправдувајќи ја улогата на апсолутен фаворит. На овој натпревар деби на клупата на домашните имаше новиот тренер Боби Божиновски. По мирниот старт на средбата во Ѓорче Петров, резултатот беше ...
Во првиот меч од 14. коло во ПМФЛ, Силекс успеа да дојде до победа и до три бода на гостувањето во Ѓорче Петров кај Македонија, победувајќи со 1:2. Сите три гола беа постигнати во првиот дел. Кратовската екипа двата гола ги даде за 12 минути. Најпрво во 15. минута по одличниот центаршут на Пиреш од десната страна, Мирчевски со глава го совлада Јанков, и донесе предност за кратовскиот прволигаш. Во 27. минута акција на Силекс по левата страна, ...

