Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 9.16 часот во Грција, на Санторини каде е прогласена вонредна состојба по серијата силни земјотреси кои со денови го потресуваат, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат. Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата. Засега нема извештаи ...
Добивај вести на Viber Силен земјотрес со јачина од 5.3 степени денеска го погоди островот Санторини во Грција. Медицинскиот персонал извршил пробна евакуација на болницата. Поради постојаната сеизмичка активност, распоредени се спасувачки екипи со дронови и кучиња трагачи. Во состојба на готовност се ставени и бродовите на крајбрежната стража и морнарицата. Силните земјотреси почнаа кон крајот на јануари, а се регистрирани стотици силни ...