Утре на “Рајнпарк“ стадионот во Вадуц, ќе го одиграме својот 12-ти меч против селекцијата на Лихтенштајн во нашата фудбалска историја. Секако дека на овој прв меч од квалификациите за СП во групата – Ј, Македонија е фаворит, и не само поради квалитетот туку и поради традицијата која вели дека на досегашните 11 меча имаме 10 победи и само едно реми. Она од 2002 година кога селектор беше Никола Илиевски – Џиџи и кога беше 1:1. Интересно, гол – ...
ЕКИПА во Вадуц Горан Бошев Македонскиот национален тим денеска 15 часот против Лихтенштајн, има можност со победа го стартува новиот циклус на квалификации за Мундијалот 2026 година, и да ја продолжи серијата на успешни резултати, која трае седум официјални натпревари. Македонија е во серија од пет победи без примен гол, откако имаше успешни настапи во Лигата на Нации, а сега посакува формата да ја пренесе и во квалификациите. Противникот е по ...