Во случај нашата А-репрезентација да се пласира на СП 2026, а има шанси преку мартовскиот бараж, тогаш Македонија односно ФФМ ќе добие од ФИФА најмалку 10,5 милиони долари. Имено ФИФА и официјално објави дека наградниот фонд за Светското првенство во 2026 година ќе изнесува рекордни 727 милиони долари. По ждрепката за Светското првенство во 2026 година одржана на 5 декември во Вашингтон, ФИФА одобри рекордна финансиска распределба од вкупно 727 ...
Светската фудбалска федерација, ФИФА, објави дека на претстојниот Мундијал следната година во Мексико, САД и Канада ќе додели рекордни парични награди. Шампионот ќе добие 50 милиони долари, а најслабите селекции, кои ќе се најдат од 33-тото до 48-мото место на конечната табела, ќе заработат по 9 милиони долари, што е околу 7 милиони евра. Вкупниот награден фонд за СП 2026 година ќе изнесува 727 милиони долари, од кои 655 милиони долари, што е за ...

